Ангеловски: Игравме во ненормални услови и покажавме дека можеме да играме и на резултат!

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски после победата со 2-1 против Ерменија за победнички старт во Лигата на нации посочи дека денеска фудбалерите играле во ненормални услови и дека осцилациите во играта биле очекувани после долгата пауза и фактот дека пола селекција не е во натпреварувачки ритам.

Селекторот по мечот посочи дека најважно од сè е победата, без оглед што загрижувачки одигра националниот тим особено во вториот дел од мечот.

„Најважно беше да го добиеме мечот и јас им честитам на моите фудбалери, зашто игравме во едни ненормални услови за игра. Знаете колку беше топло надвор, а на терен беше уште потопло. Јас и претходно кажав дека проблем е кога фудбалерите не се во форма, а тогаш се можни осцилации, но за среќа резултатски тоа не влијаеше. Дури покажавме еден нов квалитет да одиграме на резултат. За мене нормално е после целата оваа ситуација со паузата, во фазата која сме сега среде подготовки на играчите да играме вака. Криво ми е што некој донел ваква одлука да играме во 15 часот, па уште и да имаме три измени. Треба малку повеќе да се мисли на здравјето на фудбалерите“, рече Ангеловски.

 

Треба да знаете
Последни објави