Во Хрватска нови 311 новозаразени, 33 од нив на свадба

Во Хрватска во последните 24 часа се забележани 311 нови случаи на заразени со коронавирус, починале две лица, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Вкупно има 2.771 активни случаи, а на болничко лекување се наоѓаат 285 пациенти, вклучувајќи и 19 кои се наоѓаат на респиратор.

Меѓу новите позиивни се 33  случаи на инфекција со коронавирус во Бјеловарско-билогорската жупанија во Хрватска, а тие луѓе биле заразени на истата свадба. Од таа свадба има и три случаи од претходно, така што сега бројот на заразени од прославата се искачи на 36, а 233 лица кои се поврзани со венчавката во моментов се во самоизолација. Се уште се чекаат некои резултати, па може да има и повеќе заразени.

Од 25 февруари кога е забележан првиот случај на заразата во Хрватска, до денес вкупно се потврдени 11.739 заразени со новиот коронавирус, од кои 197 починале а 8.771 се излекувале.

Во самоизолација моментално се 9.109 лица.

До денес вкупно се тестирани 187.851 лица од кои 3.939 во последните 24 часа, се наведува во соопштението од Националниот штаб за цивилна заштита.

Треба да знаете
Последни објави