Во Србија во последните 24 часа се тестирани 7.848 лица а од нив 77 биле позитивни.
Од коронавирус починале уште две лица.
Во Србија од почетокот на епидемијата до денес се тестирани 874.411 лица кои ги исполнуваат критериумите за дефиниција на случај, а потврдени се 31.849 случаи на инфекцијата.
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 723.
На респиратор моментално се 38 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 489 лица.
Процентот на смртноста на 2,27.