Ердоган: Грција или ќе разговара или ќе се соочи со последиците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција дека ќе мора да влезе во разговори за спорните делови на источен Медитеран или да се соочи со последиците.

– Или ќе го разберат јазикот на политиката и дипломатијата или ќе се соочат со болни настани на теренот, рече Ердоган на церемонијата на отворање болница во Истанбул.

Ердоган рече дека Грција ќе сфати дека „Турција има политичка, економска и воена моќ да кине неморални мапи и наметнати документи”, кои се однесуваат на областите во источниот Медитеран, што Грција и Кипар ги означија како нивни економски зони.

Турскиот претседател истакна дека Турција е подготвена на секоја можност и резултат.

Грција и Турција спорат околу морските граници по откривањето наоѓалиште за гас, а двете земји спроведоа неколку воени вежби во последните неколку недели.

Анкара тврди дека Грција нема право да експлоатира гас.

Треба да знаете
Последни објави