Поради повреда, во вторник против Грузија, за македонската репрезентација нема да играат Иван Тричковски и Кире Ристевски. Напаѓачот има поголем хематом на левата натколеница, додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување на десниот бут.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември во Тбилиси. Македонија оди на втора победа, откако вчера ја совлада Ерменија со 2:1.