На полувремето од натпреварот Грците водеа со 17-12, а во вториот дел имаа и највисока предност од осум голови разлика. Битолчани притиснаа во финишот за нешто поблаг пораз или 31-29.
Ова е прв пораз на битолчани на подготовките воопшто, откако претходно издоминираа на турнирот во Струга, а славе и на мини-турнејата во Скопје. На овој турнир во Атина славеа против Диомидис и Анортозис.