Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Венко Филипче за Радио Слободна Европа
Министерот за зараза и смрт љуби само да дава интервјуа додека граѓани умираат од пандемијата Ковид-19. Секојдневно имаме над стотина новозаболени од пандемијата, иако на самиот старт Филипче велеше дека бројката ќе достигне само 2.000 заболени лица. Денес имаме 14.998 заболени, а 614 починати.
Филипче треба да се срами поради својата неспособност, а не да се фали.
Филипче оди по стапките на својот ментор Заев. Позади себе министерот за зараза и смрт нема ниту еден успех зад себе. Нема ниту нов Клинички центар кој толку многу го ветуваше. Излажа дека ќе се догради и веќе започнатата Клиничка болница во Штип која во наследство им ја остави владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија поради неспособноста на Филипче стана рекордер по смртноста од Ковид – 19. Поради него земјава е на врвот на најнеуспешни земји кои се справуваат со пандемијата.
Филипче преставува елементарна непогода за македонскиот здравствен систем.