Не се смирува епидемиолошката состојба со Ковид-19 во Албанија,каде и понатаму во едно деноноќие се регистрираат трицифрени бројки.
-Во последните 24 часа, регистрани се нови 153 случаи со Ковид-19, најголем број или 61 се во Тирана, 20 во Корча и 12 во Драч.Тоа е последица на масовното непочитување на мерките и протоколите. Апелираме на поголема совесност и свесност во почитувањето на препораките,зашто само така ќе може да ја добиеме битката со опасниот вирус, изјави Марјета Дервши од Институтот за јавно здравје.
Споредено со бројот на направените тестови и новодијагностицираните прозлегува дека 18 отсто од тестирани се позитивни.
Според неа во исто време во списокот на оздравени се внесени 130 а во болнички услови починале четворица пациенти.
Дервиши додаде дека од почетокот на пандемијата, со последно направените 847 тестови, вкупно се тестирани 67.904 сомнителни случаи, позитивни биле 10.255,оздравеле 6.106, додека починале 316. Активни на болеста се 3.833 лица.
Континуирано расте бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување.Во двете ковид болници моментно се хоспитализирани 193, од нив 17 пациенти се во тешка здравствена состојба.