Три гиганти од Премиер лигата – Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал покажуваат интерес за напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, пишува „Дејли Мејл”.
Според информациите, новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман му ветил на Французинот клучна улога во неговиот состав при напуштањето на Лионел Меси, но Аргентинецот реши да остане на „Камп Ноу” и ова го доведе во прашање неговото стартно место во тимот.
Сепак, „Мундо Депортиво” се повикува на извори од околината на 29-годишникот, кои се категорични дека неговата намера е да остане во Барселона, откако Куман го уверил дека многу ќе се потпира на него. Гризман беше привлечен за 120 милиони евра пред една година од Атлетико Мадрид, но и покрај тоа што постигна 15 гола на 48 натпревари за својот нов тим, тој не успеа да ги оправда големите очекувања од него.
Вчера напаѓачот влезе во историјата на француската репрезентација, откако стана првиот играч со три последователни промашени пенали за „петлите”.