Аеродром се уште со најмногу активни случаи на Ковид во Скопје

Со 112 заразени, Аеродром има најголем број активни случаи на КОВИД-19 меѓу десетте скопски општини и општините во поширокиот регион на главниот град.
Според денешните податоци на Министетсвото за здравство за поминати 24 часа, 85 активни има во Чаир, по 82 се во Гази Баба и Карпош, 80 во Кисела Вода, 76 во Центар, 52 во Бутел, 43 во Ѓорче Петров, 31 во Шуто Оризари, 24 во Студеничани, 20 во Сарај, 14 во Арачиново и 12 во Илинден.
Под десет активни случаи имаат Сопиште и Петровец (7), во Чучер Сандево се тројца и двајца во Зелениково. Вкупниот број активни на болеста во Скопје се 754, а од почетокот на епидемијата со вирусот во главниот град се заразиле 6114 лица.

 

Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје се 17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и  Неготино-1.

Треба да знаете
Последни објави