Од почетокот на епидемијата вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 14.998, оздравени се 12.149 пациенти, починале 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.
Во последните 24 часа се регистрирани 127 нови случаи на Ковид-19, починаа пет лица, оздравени се 95, а направени се 1.574 тестирања, информираа од Министерството за здравство.
Од оние регистрирани вчера во Скопје се 43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кратово-1 и Кичево-2.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти, но се хоспитализирани шест деца и шест мајки позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се четворица нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Од Институтот за јавно здравје пак информираат дека вчера се регистрирани и 95 оздравени пациенти и тоа од: Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.
Починати се пет лица, и тоа пациентка од Куманово (61), пациент од Штип (81) и двајца пациенти од Гостивар (76 и 81) и еден пациент од Прилеп (53). Сите се починати во болнички услови.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
– Скопје 6097, активни 761
– Куманово 1533, активни 287
– Дебар 260, активни 29
– Штип 1176, активни 108
– Прилеп 518, активни 150
– Тетово 1244, активни 120
– Струга 592, активни 62
– Велес 276, активни 24
– Битола 222, активни 39
– Охрид 358, активни 43
– Кавадарци 189, активни 50
– Гостивар 817, активни 140
– Гевгелија 58, активни 33 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
– Струмица 80, активни 28
– Крива Паланка 59, активни 19
– Радовиш 45, активни 6
– Крушево 17, активни 1
– Кочани 157, активни 30
– Пробиштип 89, активни 18
– Демир Хисар 60, активни 2
– Македонски Брод 75, активни 8
– Пехчево 35, активни 28
– Берово 67, активни 51
– Валандово 9, активни 2
– Виница 81, активни 30
– Делчево 89, активни 67 (24 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
– Кратово 22, активни 6
– Свети Николе 298, активни 42
– Кичево 281, активни 42
– Ресен 147, активни 1
– Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.574 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-184, Биотек-271, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори)-172, Систина со PCR метода -288, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-14, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесува на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажуваат дека во периодот од 29 август до 4 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 21 лица од општина Охрид, кај 30 лица од општина Струга и кај осум лица од општина Дебар.
Во односниот период за тестирање се земени вкупно 80 примероци, од кои 27 по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 53 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар – Мој термин.
Според податоците во Охрид моментално има има 42, во Струга 59, а во Дебар 29 активни случаи на заболени со коронавирус. Во истиот период се починати три лица по едно од Охрид, Струга и Дебар.
Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 354 лица во општина Охрид и Дебрца, 587 лице во општина Струга и Вевчани и 260 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 301 пациент од Охрид, 479 од Струга., а од Дебар и Центар Жупа 219 пациенти. Црниот биланс досега се 11 починати лица од Охрид и Дебарца, 49 од Општина Струга и 12 од Дебар и Центар Жупа.
На подрачјето на општина Крива Паланка во моментот има вкупно деветнаесет активни случаи со Ковид-19, од кои во изминатите 24 часа, се регистрирани седум, а само вчера петмина.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, околу педесет отсто од вкупниот број активни случаи со Ковид-19 во оваа општина се регистрирани изминатите денови, од нив четворица се вработени во локалната самоуправа на општината, а од вторникот позитивен на вирусот е и првиот човек на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Поради ваквата состојба општината е затворена и нема да работи до среда, деветти септември, а претходно состанок одржа и општинскиот кризен штаб.
Според информациите од Кризниот штаб на Општина Крива Паланка, донесени се и нови заклучоци за преземање мерки за заштита и превенција од Ковид-19.
Екипите на јавното претпријатие „Комуналец” вршат дезинфекција на јавните градски површини, главната улица и споредните улици во градот, влезови на јавни стамбени згради, јавни претпријатија и установи и други локации.
Вонредна дезинфекција беше направена и во општинската зграда, а кризниот штаб донесе препораки и за продолжување на засилените контроли од страна на инспекциските служби на локално ниво во однос на почитувањето на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, еден нов случај на заразен со Ковид-19 е регистриран и во Кратово, а вчера се бележат и четири оздравени лица од Крива Паланка и Ранковце.
Во Дебар, согласно информаиите од вчера, регистриран е еден случај на новозаболен со Ковид-19, што е осми случај дијагностициран во периодот од една недела.
Тие се од направените 26 тестови на сомнителни случаи, што подразбира дека позитивни на Ковид-19 се 30 отсто од тестираните. Во текот на вчерашниот ден нема оздравени, но во неделава која изминува битката со опасниот вирус ја добиле 63, додека за жал починало едно лице.
-Со последно дијагностираните вкупниот број на заразени со опасниот вирус во Дебар и Центар Жупа,изнесува 260, во списокот на оздравени се впишани 219 а починале 12 лица. Активни на болеста се 29 лица, информираа од Центарот за јавно здравје од Охрид, во чии рамки делува Работната единица во Дебар.
Од дебарската единица пак, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, додаваат дека од активните случаи поголем број се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница со проширена дејност во Дебар, а само петтмина се пациенти во здравствени установи во Скопје.
Од таму го повторуваат апелот строго да се почитуваат мерките и протоколите за заштита, кои, како што оценуваат, за жал и понатаму масовно не се почитуваат, што пак како последица е бројот на новозаразени.
Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа евидентира 11 нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија вчера надлежните од јавната здравствена установа. Министерството за здравство соопшти дека починала 61 – годишна пациентка во болнички услови.
– Новозаболените потекнуваат од познати кластери, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Изврешни се 20 тестирања вчера, од кои 16 по „Мој Термин” и четири тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.533, а во моментов активни се 287 случаи.
Во Кичево во текот на вчерашниот ден се регистрирани двајца новозаразени и две оздравени лица од коронавирусот.
– Денеска имаме две нови лица заразени но имаме и двајца оздравени од коронавирусот, според податоците од Министерството за здравство, со што вкупниот број на заразени во нашата општина достигна на 281 лице, од кои 42 се активни, 226 се излекувани и 13 лица се починати, информира вчера д-р Џабир Бајрами, директор на Здравствен дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.
Четири нови случаи во Македонска Каменица и по три случаи во Делчево, Берово и Пехчево е вчерашниот биланс на заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Откако завчера во овие општини имаше намалување на бројката на новозаболени, вчера повторно е забележан пораст за позитивни на коронавирус, при што во четирите општини на крајниот Исток има 13 нови случаи.
Надлежните од делчевскиот здравствен дом истакнаа дека и во Делчево и М.Каменица продолжуваат тестирањата на лицата кои имале контакти со заразените.
-Се работи за случаи од семејни калстери кои ја сочинуваат бројката на поголем дел од позитивните случаи. Се очекуваат уште резултати од тестовите, за кои се надеваме дека повеќето ќе бидат негативни, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.
Од здравствените установи во Берово и Пехчево информираа дека случаите се асимптоматски.
-Дел од заболените се асимптоматски случаи. На сите им посакуваме добро справување со вирусот и поскоро оздравување, додаваат надлежните.
По тројца оздравени вчера се регистрирани во општините Делчево и Берово. Моментално на крајниот Исток има 147 активни случаи со Ковид-19.
Од МВР секојдневно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.