По првите 30. минути во финалето на фајнл-фор завршницата, Вардар 1961 има негатива од три гола на дуелот против унгарскиот тим.
Веспрем го отвори финалето со три гола во низа, на другата страна на македонскиот тим му беа потребни пет минути за да го постигне првиот погодок, пресече Јотиќ за 1-3. Во првите десет минути, избраниците на Стевче Алушовски постигнаа само три гола, два од нив беа дело од Јотиќ, еден на Валчак.
Вардар 1961 заигра нешто подобро во следните минути, беше 5-7 и 6-8, но неколку грешки го искачија Веспрем на 6-11 во 18 минута, во која Векиќ доби исклучување. Алушовски направи и промена на голот, на местото на Ристовски влезе Кантрегел, но не помогна ниту тоа. Веспрем дојде на плус шест (7-13).
Во последните 40 секунди не искористи да намали на два гола, замина со резултат 12-15.
Јотиќ и Чупиќ со по три гола се најефикасни кај Вардар, на другата страна исто толку погодоци имаат Штрлек и Борозан.