Шпанија води со убедливи 3-0 против Украина по 45 минути игра, благодарение на капитенот Рамос и неговите два гола, но и на младиот Ансу Фати.
Тинејџерот на Барселона во својот втор настап за А тимот на Црвената фурија го реализира дебитанскиот гол. Со фанстастичен еврогол од далечина Фати ја отвори својата сметка во репрезентацијата, а претходно изнуди пенал кој Рамос го реализира за 1-0.
Со 17 години и 311 дена, Фати стана најмладиот стрелец во историјата на шпанската селекција.
https://streamable.com/1sdems