Наташа Апостолоска Димитриевска, сопругата на починатиот Гоце Димитриески, кој загина пред две години кај „Млечен“ најавува дека уште утре ќе поднесе претставка до надлежниот суд, во врска со пресудата од петокот, во која судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, сторителот на делото го осуди само со условна казна.
Во разговор за Канал 5 таа изјави дека уште утре ќе поднесе претставка до надлежниот суд.
-Најпрвин претставка до самиот судија, исто и постапки и спрема обвинител, за долго водење на случајот, ненавремено постапување на документи за утврдување на вина за Васил, кој ми го уништи животот, го одзеде животот на Гоце и на моето дете, изјави разочараната Димитриевска.
Таа за Канал 5 рече дека има низа забелешки и за тоа како се водел целиот судски процес.