Италијанските власти одлучија да ја продолжат забраната за присуство на навивачи на спортски настани.
Оваа забрана важи и за фудбалски натпревари и ќе остане на сила барем до 30 септември, пренесува „Кориере дела сера”.
Новиот владин декрет, со кој се прошируваат ограничувачките мерки, треба да стапи на сила на 7 септември.
Почетокот на новата сезона во Серија А е закажан за 19 септември.