Денвер нагетс предводен од Џемал Мареј и Никола Јокиќ стигна до победа од 110:101 против фаворизираните Лос Анџелес клиперс и израмни на 1:1 во полуфиналната серија од западната конференција во плејофот на НБА лигата. Уште од самиот старт Денвер покажа дека е решен да победи и поведе со 14:2, а пред крајот на првата четвртина имаше и високи 21 поен предност (44:23).
До крајот на мечот, Денвер речиси постојано имаше двоцифрена предност и на крајот заслужено стигна до победа. Мареј со 27 поени беше најдобар стрелец на мечот, а Јокиќ постигна 26 поени, но имаше и 18 скока. Кај Клиперс најпрецизен беше Пол Џорџ со 22 поени.
Торонто ја покажа силата на шампионот и со 100:93 го победи Бостон, што беше доволно да израмни на 2:2 во победи во полуфиналето на Истокот. Паскал Сиакам со 23 поени и 11 скока, како и Кајл Ловри со 22 поени и 11 скока беа предводници на Торонто.
Клучната предност Торонто ја стекна во третата четвртина, кога успеа да стигне до првата двоцифрена предност 79:68 и потоа во ниту еден момент до крајот на дуелот не ја испушти предноста.