Лабораториите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора во последните 24 часа анализирале 526 лица сомнителни на ковид 19, од кои 131 се позитивни.
Вчера починал и еден пацијент роден во 1937 година.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид -19 инфекција од почетокот на јуни е 99, а од почетокот на годината 108, посочуваат од ИЈЗ.
Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во моментов е 1214. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот вирус на корона е 5553.