Во гостување во вестите на Сител телевизија вечерва потпретседателот Александар Николоски, посочи дека власта дозволи во земјава мултимилионски бизниси на контроверзни личности од регионот, мега афера и корупциски скандал вреден 200 милиони евра.
Николоски ја потсети јавноста дека во текот на изборите контроверзниот бизнисмен кажал дека дал 300 илјади евра мито, а истиот тоа и го потврдил подоцна во писмена изјава, по што давањето поткуп е кривично дело, Николоски вели дека во истиот тој разговор се слушало за ШИК Јелак, кој контроверзниот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ го поседува.
Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Николоски истакна дека во моментот е трансформиран еден голем детален урбанистички план од 230 илјади метри развиена површина, од кои некаде 120 илјади метри квадратни се само станови.
-2000 станови за некаде 8000 жители, а 80 000 метри квадратни се трговски единици, што е некаде нето профит од 200 милиони евра, потенцираше Николоски.
Николоски праша како е возможно да се овозможуваат мултимилионски бизниси на контроверзна личност која што е позната во регионот особено во Црна Гора, Босна и Србија како подржувач на радикални елементи кои што врочем се против евроатланските аспирации на целиот овој регион.
-Клучното прашање што се поставува во јавноста е зошто немаше дебата и дискусија за ова и како е возможно Министерството за транспорт и врски на 21 фебруари да добие барање за одобрение на планот, а на 28 фебруари веќе и да го одобри истото, за само седум дена се одобрило барањето, кога граѓаните чекаат по месец дена еден документ.
Николоски потенцираше дека на овие прашања треба да одговорат и Заев и Ахмети.