Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси помина тест за коронавирус, пренесува „Оле”. Клубот испратил лекарски тим во домот на Аргентинецот. Доколку неговиот резултат е негативен, тогаш утре фудбалерот ќе го направи првиот тренинг за новата сезона.
Меси изрази желба да го напушти каталонскиот клуб, што доведе до неколкудневна сага со неговата иднина, но на крајот управата категорично одби да се раздели со својата аргентинска sвезда, а Ла Лига ја отфрли можноста да ја искористи клаузулата. и да замине како слободен агент, бидејќи оваа можност истече на 10 јуни.
Токму овие несогласувања меѓу двете страни доведоа до ситуација во која тој ги игнорираше тестовите за коронавирус на тимот и ги пропушти првите неколку тренинг сесии.
Управата, од своја страна, нема да го казни играчот.