Шпанскиот стратег Роберто Парондо, кој ја освои титулата во Лигата на шампионите со Вардар минатата сезона, сега е селектор на Египет.
Тој откри дека него и на неговото семејство им било многу тешко кога ја напуштиле Македонија, и дека еден ден повторно би сакале да се вратат.
-Добро е во Египет, но не е исто како во Македонија. Нема притисок овде, туку сакаме да постигнеме најдобри резултати со репрезентативците на Светското првенство. Кога бев во Вардар, беше одлично и игравме многу добар ракомет и имавме добра, но тешка сезона. Сезоната беше тешка затоа што имаше многу промени. Ние бевме среќни во Скопје, моето семејство беше задоволно, па ни беше тешко кога ја напуштавме Македонија. Сепак, имаше проблеми и мораше да заминеме на друго место. Но, јас сакам да се вратам во Македонија зашто Македонија беше одлично место за нас, изјави Парондо за „Балкан Хендбол“.
Мундијалот во јануари ќе биде голем предизвик за Парондо, а домаќинот Египет ќе биде во група со Чешка и Шведска, како и една јужноамериканска репрезентацијата.