Богоевски: Ако ВМРО-ДПМНЕ не смени нешто во иднина може да биде партија која ќе замине во историјата

Павле Богоевски во Само Вистина рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака да капитализира на тој револтот за поскапување на струјата односно да одбере тема која е актуелна во моментов која е болна за граѓаните и да си ја препише на своето партиско конто.

„Протестите што постојат се изворни или граѓански и потекнуваат од вистинскиот револт на граѓаните. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да направи е да одбере тема која е актуелна во моментов и која е болна за граѓаните за да си ја препише на своето партиско конто.

Богоевски се сомнева дека ВМРО има капацитет во моментов да мобилизира толку луѓе заради внатрепартиската дисциплина која пука по шевови.

„Несогласувањата во партијата се многу гласни за да може претседателот на партијата да има обединувачки повик за целото членство и мислам дека ако не преземе нешто ВМРО-ДПМНЕ во догледно време ќе биде маргинална партија, а во иднина може да биде и партија која ќе замине во историјата, истакна Богоевски.

Треба да знаете
Последни објави