Вучиќ: Усогласени неколку прашања, најтешкото допрва доаѓа

Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска во Брисел одржаа нова средба за нормализирање на односите меѓу двете држави под покровителство на ЕУ, со високиот преставник на ЕУ Жозеп Борел и специјалниот посредник Мирослав Лајчак.

Вучиќ изјави дека на состанокот била постигната „суштинска согласност“ за три теми: исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата, а била отворена и темата за Заедницата на српски општини.

„На масата на дневен ред доаѓаат најважните и најтешките прашања, за кои имаме потполно различни ставови, така што ќе биде комплицирано и тешко. Очекувам да се разговара за економскиот план за закрепнување на Западен Балкан и очекувам поддршка од ЕУ, во наредните месец дена, да видиме колку од инфраструктурните проекти може да добиеме, изјави Вучиќ.

Тој најави и дека веднаш по формирањето на новата Влада на Србија, сите што учествувале во преговорите со Косово, ќе го известат Собранието на Србија за тој процес.

Пред денешниата средба, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиерот, Авдулах Хоти, го увериле министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, дека даваат најголем приоритет на евроинтеграциите и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, соопштија од Европската служба за надворешни работи.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ по повеќегодишен застој, обновен е во јули годинава. Пред средбата во Брисел, Србија и Косово во Вашингтон, во присуство на американскиот претседател пред Доналд Трамп потпишаа договори за нормализација на економските односи.

Треба да знаете
Последни објави