Македонската фудбалска репрезентација утрово замина за Грузија, каде во Тбилиси ќе го одигра вториот натпревар од групата во Ц сегментот од Лигата на нации.
Македонската експедиција замина полна со оптмизам дека може и во вториот меч од групата да забележи победа, откако на стартот во саботата во Скопје ја совлада Ерменија со 2: 1.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски – Мрме во грузија ќе одражата еден тренинг пред утрешниот дуел (18:45 ч.) со домашната селекција која може да им биде и потенцијален ривал за историскиот пласман на ЕП-2020 кое е презакажана за идното лето. Македонија во полуфиналето од првото издание во Лигата на нации како домаќин во Скопје пред празни трибини игра со Косово и доколку го елиминира во еден дуел, ќе патува на завршниот меч кај подобриот од другиот полуфинален меч меѓу Белорусија и Грузија. Финалниот дуел од сегментот Д во првото издание од Лигата на нации ќе го даде патникот на завршниот турнир од ЕП.