Со одлука на Владата, Бојан Маричиќ повеќе не е национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлинскиот процес и регионална соработка, oобјави „360степени“.
Владината одлука е објавена во „Службен весник“ и е во сила од 4 септември.
Причините за престанокот на оваа функција на Маричиќ е што тој на 30 август во Собранието беше избран за министер за правда во новата влада на Зоран Заев.
Маричиќ досега беше и главен технички преговарач со ЕУ, а Бујар Османи, како прв човек на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), беше главен политички преговарач. Сега со СЕП раководи Никола Димитров, кој на прес-конференцијата на 1 септември, кога имаше примопредавање на функцијата, не сподели многу детали за тоа дали и какви промени ќе има во тимовите што ќе преговараат со ЕУ.