Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити објави дека двајца играчи од своите редови биле позитивни на последните тестирања за коронавирусот. Станува збор за алжирскиот репрезентативец Ријад Марез и за францускиот интернационалец Ејмерик Лапорт, кои во наредните две недели ќе бидат надвор од тимот и нема да тренираат со другите соиграчи.
-Можеме да потврдиме дека Марез и Лапорт имаат позитивни тестови на коронавирусот. Фудбалерите се наоѓаат во самоизолација согласно протоколите на британските власти и на Премиер-лигата. Немаат симптоми на вирусот. Сите во клубот им посакуваме брза рехабилитација, објавија „граѓаните“ на официјалната клупска веб-страница.
Манчестер Сити својот прв меч од новата премиерлигашка сезона ќе го игра на 21 септември на гостински терен против Вулверхемптон.