Истражување на „Меѓаши” за правата на децата во земјава

Детската амбасада „Меѓаши” денеска ќе презентира податоци од истражување за состојбата со правата на децата во земјава, кое е спроведено во периодот јуни-јули 2020 од истражувачки тим од деца и возрасни.

Од „Меѓаши” соопштија дека истражувањето обезбедило сеопфатни податоци за повеќе аспекти од животот на децата во државата, проблемите со кои тие се соочуваат и работите кои според нив  треба да се подобрат.

-Овие податоци ќе послужат како појдовна основа во подготовката на Детскиот алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Македонија, кој ќе биде поднесен до Комитетот за правата на детето при Обединетите нации во ноември 2020 година, соопшти Детската амбасада.

Треба да знаете
Последни објави