Жител на село Ржаничино кој бил пријавен за исчезнат пред повеќе од три месеци е пронајден мртов, информираше МВР.
-Во атар на село Ветерско, велешко, покрај стариот пат Велес- Скопје, вчера бил пронајден починат М.Г.(65) од с.Ржаничино – Петровец, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 2 јуни годинава. Бил извршен увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје, велат од МВР.