Скопски полицаец во цивилка не сакал да се легитимира, па ги нападнал колегите, утрово во Бутел, информираат од МВР.
-На улицата Александар Урдаревски во Скопје, ноќеска во3:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Д. (полициски службеник) затоа што при контрола на неговото возило „ауди” со скопски регистарски ознаки одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници, велат од МВР.
Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, по што е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.