Швеѓаните останаа со играч помалку во финишот на првото полувреме, откако Густав Свенсон направи старт за втор жолт картон. Ѕвездата на Јувентус постигна гол од слободен удар во 45-тата минута, што за него беше 100-ти во дресот на репрезентацијата на 165 натпревар, токму по прекршокот на Свенсон. Португалија очекувано доминираше до самиот крај на натпреварот, а Роналдо со уште една мајсторија од далечина погоди за 0-2.
Во реприза на финалето од Светското првенство во 2018 година, Франција ја совлада Хрватска со 4-2. „Коцкестите“ по два натпревари во Лигата на нации имаат два убедливи порази, бидејќи во претходното коло загубија со 4-1 од Португалија.