Битиќи: Да ја покажеме љубовта за државата на дело

Баш на овој ден мојата агенда ме носи на пат низ земјава, одличен момент за ретрофлексија на тоа што јас правам за државата.
Правата и слободите ни се гарантирани со закон, но што правиме со нив е наша одговорност.

За 29тиот роденден на државата посакувам на нејзиниот јубилеен 30ти, следната година, да ја имаме надминато кризата предизвикана од КОВИД – 19, економијата да биде стабилна и предвидлива што ќе донесе зголемување на инвестициите на странските но и на домашните компании, одржлив раст и развој кој ќе носи зголемување на животниот стандард преку зголемување на минималната и просечната плата.
Да продолжиме да ја развиваме соработката со сите чинители на општеството, за да ја зајакнеме меѓусебната доверба и да креираме решенија и политики кои се за доброто на сите нас.

Ова се моите и заложбите на оваа Влада.
Да работиме и да сработиме.
Отчетно, посветено, одговорно и заедно, само така ќе одиме сите напред.
Да ја покажеме љубовта #задржавата на дело.
Нека е честит и вековит 8ми септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Фејсбук статус на Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

 

Треба да знаете
Последни објави