Мрме го одреди составот, Пандев ќе го предводи нападот

Игор Ангеловски го одреди стартниот состав за мелот против Грузија.

Капитенот Горан Пандев се враќа меѓу стартерите откако на негово барање не го започна мечот со Ерменија, а Езгјан Алиоски по подолго време ќе игра како лев бек во репрезентацијата. Стефан Ристовски е тука, а во офанзивата го нема Илија Несторовски.

Шишковски е на голот, формацијата е 4-2-3-1, па така во одбраната ќе бидат Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, во дефанзивиот дел од средниот ред Адеми и Спировски, десно во нападот Трајковски, во средината Барди, а лево Елмас, и во самиот шпиц капитенот Пандев.

Ова е составот со кој Мрме ќе му се спротистави на својот колега од спротивниот табор Владимир Вајс.

Треба да знаете
Последни објави