Брус Вилијамсон, пејачот на групата „Темптејшнс“ по борбата со коронавирусот почина на 49-годишна возраст во неговиот дом во Лас Вегас, пренесуваат странските медиуми.
Вилијамсон на групата ѝ се придружил во 2006 година, а пеел на концертите и на телевизиските настапи до 2015 година.
„Нема зборови во светот кои можат да опишат како се чувствувам сега. Те сакам, тато и ти благодарам што беше предобар и полн со љубов. Ти благодарам што беше тоа што си. Се молам на Бога и повторно ќе се сретнеме“, напишал неговиот син на социјалните мрежи.
Групата „Темптејшнс“ е основана во 1960 година во Детроид, а нивните хитови ги вклучуваат песните „My Girl“ (1964) и „Ain’t Too Proud To Beg“ (1966).