Пратеникот Јахоски негира дека ја напуштил ДУИ

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, демантира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и дека станал независен пратеник.

„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ. Фактот што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во најскора прилика“, стои во изјавата на Јахоски.

 

Треба да знаете
Последни објави