Роналдо со два гола и донесе победа на Португалија на мечот со Шведска

Португалија славеше со 2-0 на гостувањето кај Шведска во Лигата на нации.Роналдо ги постигна двата гола за својата репрезентација на мајсторски начин.

Швеѓаните останаа со играч помалку во финишот на првото полувреме, откако Густав Свенсон направи старт за втор жолт картон. Ѕвездата на Јувентус постигна гол од слободен удар во 45-тата минута, што за него беше 100-ти во дресот на репрезентацијата на 165 натпревар, токму по прекршокот на Свенсон. Португалија очекувано доминираше до самиот крај на натпреварот, а Роналдо со уште една мајсторија од далечина погоди за 0-2.

Во реприза на финалето од Светското првенство во 2018 година, Франција ја совлада Хрватска со 4-2. „Коцкестите“ по два натпревари во Лигата на нации имаат два убедливи порази, бидејќи во претходното коло загубија со 4-1 од Португалија.

Треба да знаете
Последни објави