Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, побарала од потпретседателот на институцијата задолжен за миграција, Маргаритис Схинас, веднаш да отпатува во Грција поради пожарот во бегалскиот камп Мориа, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската Комисија како и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изразија длабоко жалење за пожарот кој избувна во бегалскиот камп.
-Длабоко сум погодена од синоќешните случувања во бегалскиот кампа Мориа во Грција, твитна претседателка фон дер Лајен додавајќи дека Комисијата е подготвена да помогне и дека приоритет ќе бидат лицата кои останале без засолниште.
Слична порака на солидарност упати и Мишел на Твитер истакнувајќи дека е во контакт со грчките власти и ЕУ стои на располагање да помогне на терен.



