(Видео и фото) ВМРО-ДПМНЕ протестира против посакпувањето на струјата

Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ” и задоцнување од 20-на минути според најавениот тајминг пред Министерство за правда почна протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата. ВМРО ДПМНЕ не и дозволи на новата Влада да покаже што знае и може како што тоа бива во приовте 100 дена од форимирањето, па го повика своето членство и граѓанските организации да излезат на улица.

На чело на протесната колона се лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, кои од Министерството за правда се упатија кон зградата каде е сместена  Регулаторната комисија каде е крајна дестинација на протестот.

На крајната дестинација пред Регулаторната комисија ќе се обрати Мицкоски.

 

 

На протестот се слуша скандирање, учесниците извикуваат „оставка”, „мафија и „мафија на робоија”, а некои носат и транспаренти со пораката „Заев полни џеб, народот нема леб”.

Иако пртестот е организиран согласно КОВИД протоколите, пропишаната дистанца не се почитува.

фото С. Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави