Депај има уште една година од договорот со Лион, па Французите се расположени да го продадат за да заработат од неговиот трансфер, бидејќи идното лето ќе го загубат како слободен играч, но не попуштаат во барањата да добијат 30 милиони евра за трансфер, што е премногу за Каталонцие.
Според последните информации Депај ги договорил личните услови со Барса и сега се чека конечен договор на Лион и Каталонците, а таму разликата е околу 10 милиони евра.
Лион бара цели 30 милиони, а Барса нуди 20 милиони и сега до 5 октомври има време некако да се договорат или евентуално разликата да ја стават во бонуси што дополнително би ги добил полуфиналистот во ЛШ.



