Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски ги критикуваше последните кадровски промени и назначувања во партијата.
-Принципиелно е ново избраните претседатели на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, да побараат да биде распишан јавен повик за нивен избор, во спротивно ќе си го носат товарот како единствени избрани на начин со именување без конкуренција на не демократски начин во последните 15 години!Демократските принципи се начело кое треба да обедини, се друго остава простор за поткусурување и сомнеж. Да живее ВМРО – ДПМНЕ!, напиша Стојкоски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10158398735726067&set=a.10150991558301067&type=3



