Соговорници ќе бидат: Деспина Стојановска -Психолог и Дарко Богески – активист и параправник во ХОПС, додека разговорот ќе го модерира Благородна Коцева Симјанов.
Организаторите на настанот посочуваат дека состојбата со пандемијата Ковид-19 дополнително ги влошила проблемите со кои се соочуваат децата и младите кои употребуваат дроги. Проблемите се здравствени (пристап до медицински установи и здравствена заштита), психолошки (страв за нивниот живот, стрес, вознемиреност) и економски (губење на работата или губење на работата на нивниот родител).
„Во време на Ковид-19, нашите психолози кои работат во Центар за рехабилитација и ресоцијализација имаа зголемен број повици од родители на деца и млади кои употребуваат дрога, барајќи психолошка поддршка во овие времиња“, велат од здружението ХОПС.
Како што додаваат, во земјата сè уште не постои државно финансирана национална програма за третман, рехабилитација и ресоцијализација на деца под 18 години.
„ХОПС работи на овој проблем долги години, а во 2018 и 2019 година го иницираше и олесни процесот на подготовка на ‘Програмата за третман и грижа на малолетни лица кои употребуваат психоактивни супстанции’. За жал, програмата сè уште не е усвоена од националните власти“, додаваат од здружението.
Настанот е поддржан од OSCE Mission to Skopje, во рамки на проектот: „Живеење со зависност – подобрување на менталното здравје и квалитетот на живот на децата и младите кои употребуваат дроги за време на пандемската криза на Ковид-19”.



