Пешак бил прегазен од камион кој возел во рикверц, пред неколку минути во Автокоманда на влезот од Скопје, дознава 24 Инфо.
Според очевидци, глетката била страотна.
Камион кој работел на реконструкција на булеварот Александар Македонски удрил во пешакот.
Од МВР сеуште нема детали за настанот.
(В.А.)



