Професор осомничен за обид за силување осумгодишно девојче се обесил во „Шутка“

Професор од Тетово осомничен за силување на осумгодишно девојче, вчера околу 16 часот си го одзел животот во затворот во КПУ Скопје, потврдија за МИА од затворот.

Шеесет и едногодишниот професор се обесил во ќелијата каде што бил сместен, а откако бил пронајден била констатирана смрт. Притвореникот се обесил околу 16 часот, кога е прошетката во затворскиот двор. Тој се пожалил дека го боли стомак и останал во својата ќелија, каде што се обесил со чаршафи за решетките од прозорецот.

Тој беше уапсен на крајот на февруари годинава под обвинение за обид за силување на малолетничката. Обидот за силување го пријавила мајката на девојчето

Треба да знаете
Последни објави