ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го блокира сообраќајот пред Регулаторната комисија за енергетика

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протест и утре пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот.

Како што најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, еден час со автомобили ќе ги блокираат раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

„Протестот ќе почне пред ‘Палома бјанка’. Овој протест е насочен кон Владата и мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ“, изјави Јанушев.

Тој на прес-конференција истакна дека бизнисменот Силјан Мицески јавно кажал оти бил финансиер на СДСМ, а тоа никаде го нема во финансискиот извештај на владејачката партија.

„Ова е договор за коп на јаглен со РЕК ‘Битола’ вреден 6 милиони и 250 илјади евра. Значи, финансиерот на СДСМ, кој сам си кажува дека ги финансирал, а притоа никаде го нема тоа во извештајот на партијата, си добил работа од 6 милиони и 250 илјади евра од РЕК ‘Битола’ за ископ на јаглен. Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси“, рече Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави