За 24 часа во Бразил починале повеќе од 1.000 луѓе

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани 35.816 нови случаи на коронавирус, а повеќе од 1.000 лица починаа, објави Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата речиси 4,2 милиони луѓе се заразени во Бразил, пренесува „Ројтерс“.

Официјалниот број на починати е 128.539.

Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи, по САД.

Треба да знаете
Последни објави