(Фото) Лидија Вукичевиќ вака прошета на плажа во Будва

Повеќе пати досега пишувавме дека актерката Лидија Вукичевиќ е дефинитивно пример дека на некои жени годините како да не им можат ништо кога станува збор за физичкиот изглед.

Имено, Лидија се појави на плажата Јаз во Будва во фустан со необичен крој и додека се фотографираше за социјалните мрежи го привлече вниманието на сите присутни.

Нејзиното тело во шестата деценија сè уште привлекува воздишки на многу мажи, а таа не го откри бронзениот тен во бикини, туку во модерен фустан кој ги истакнуваше нејзините бујни гради, рамен стомак и долги нозе, бидејќи имаше многу висок шлиц.

Една од омилените и најубави актерки собра повеќе од 11.000 лајкови, како и безброј позитивни коментари.
„Црната боја е мојата омилена боја“, напиша Лидија покрај сликата.

https://www.instagram.com/p/CE4ioYwHCud/

https://www.instagram.com/p/CEpBwzlnWYf/

https://www.instagram.com/p/CEq8eFEjRT4/

Треба да знаете
Последни објави