Втора иницијатива на Национална коалиција на граѓански организации кои делуваат во областа на животна средина и заштита на човековите права

Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје во рамките на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, финансиран од Европската Унија – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, во соработка со Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА и Сфера Интернатионал од Битола, ја организираат втората иницијатива на Националната коалиција за изнаоѓање решенија за бројните проблеми на населението во населбата Баир.

Иницијативата е во рамки на Националната коалицијата за животна средина која е составена од 31 граѓанска организација од целата држава чија што цел е да овозможи поголема видливост и влијание на цивилното општество во демократизациските процеси на локално и национално ниво.

Втората иницијатива на Националната коалиција за животна средина ќе се одржи на 11.09.2020 во Хотел Епинал Битола, со почеток од 11:00 часот.

Целта на иницијативата е подигање на свеста на граѓаните и институциите за суп-стандардните услови за живот на ромското население во населбата Баир во Битола и изнаоѓање на одржливи решенија за надминување на проблемите со дивите депонии, спалувањето на кабли и загадувањето на воздухот, како и проблемите со водоснабдувањето и хигиената на населението во услови на пандемија. Исто така, ќе се изврши промоција на механизмот за бесплатна правна помош пред граѓаните од општина Битола, за негова примена при остварување на правото за здрава животна средина. Во тој контекст, ќе се изврши дисеминација на документите развиени во рамките на горенаведениот проект – Компаративна анализа на постоечки модели на правна помош во и надвор од EУ и најдобри практики, Кратка брошура за добри практики за пристап до правда од областа на животна средина и Водич за користење бесплатна правна помош, кој дава точни насоки за користење на механизмот за бесплатна правна помош со сите потребни документи за аплицирање.

 

Треба да знаете
Последни објави