Италија планира да го скрати карантинот од 14 на 10 дена

Италијанската влада планира да го намали времетраењето на карантинот од 14 на 10 дена за оние кои биле во контакт со лица заразени со вирусот Ковид-19. Сепак, експертите се поделени по ова прашање.

Истражувањата покажаа дека луѓето се најмногу заразни во првите пет дена по појавата на симптомите или позитивниот тест за Ковид-19.

Италијанската влада ја разгледува можноста за скратување на времетраењето на карантинот, но не на седум дена, како Франција, која објави дека ќе го преполови траењето на изолацијата.

Италијанскиот весник „Република“ објави, повикувајќи се на извори од италијанското Министерство за здравство, дека се разгледа период од 10 дена карантин за оние кои биле во контакт со лице позитивно на Ковид-19, откако премиерот на таа земја, Џузепе Конте, рече дека таквата одлука би ги намалила социјалните и економските трошоци.

Препораката на Светската здравствена организација (СЗО) е 14-дневен карантин за спречување на ширење на вирусот, врз основа на достапните податоци за периодот на инкубација кој е во просек од четири до пет дена, со горна граница од 14 дена.

Треба да знаете
Последни објави