Кога ја гледам среќна срцето ми се топи како сладолед- Пејачката Сара Мејс го прослави роденденот на ќерка и Илина

Пред две години ми се случи нешто неверојатно. Од тогаш па наваму, секој ден е се’ по неверојатен.Благодарам Универзуме за најпрекрасното нешто во битисувањето! Да си жива, здрава и секогаш весела торто моја најслатка! Ова го напиша пејачката Сара Мејс, која дене го слави вториот роденден на нејзината ќеркичка Илина.

Сите мајки се радуваат на своите рожби, на мирисот на бебето, кое од корен го менува животот на мајката. Така е и кај Сара.

-Навистина животот се менува 100 посто. На 10 септември пред две години една Сара замина а друга дојде. Ова не е клише туку е вистина. Цело време кога зборувам си викам моето време е време пред и по Илина. Баш така, се двои животот. Ма се смени се и не знам  од кај да почнам. Прво приоритетите се менуваат, сваќаш дека тоа нешто што си го роидил толку многу го сакаш и толку многу ти е важно, ма многу ти е убаво, сакаш нон- стоп да бидеш со него и да правиш се за да биде срекно. Не одам со мисла како јас да  си поминам убаво, туку како Илина да биде среќна, да и биде убаво. Кога ја гледам насмеана и среќна срцето ми се топи како сладолед, вели Сара и додава…

Преземено од ММС

Треба да знаете
Последни објави