Курц: Турција го крши меѓународното право, ЕУ мора да биде со Грција

Турција го крши меѓународното право во спорот околу наоѓалиштата со гас во Медитеранот, кажаа австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во заедничката изјава.

Според Курц, Европска Унија мора да застане покрај Грција.

Тој најавува дека овој конфликт ќе биде тема на следниот Самит на ЕУ, на кој сите опции ќе бидат на маса.

Мицотакис бара јасен одговор на ЕУ кон Турција.

„Заедно, како ЕУ, мора да се спротивставиме на оваа провокација“, нагласи тој, барајќи од Турција да ги почитува меѓународното право и добрососедските односи.

Треба да знаете
Последни објави