Тим и Медведев си закажаа полуфинална пресметка на УС Опен

Доминик Тим и Данил Медведев ќе се пресметаат во полуфиналето на тенискиот гренд-слем УС Опен. Вториот носител Тим во четврт-финалето го победи Алкес Де Минор, додека Медведев го совлада сонародникот Андреј Рубљов.

Австрискиот тенисер без многу мака и за два часа го збриша Де Мунаир со 3-0 во сетови (6-1, 6-2, 6-4) и по вторпат во својата кариера ќе игра полуфинале на терените на „Артур Еш“ во Њујорк.

Медведев пак синоќа покажа моќ и остана единствениот тенисер без загубен сет на овој турнир. Со  3-0 го елиминира сонародникот Рублев (76/6, 6-3, 7-6/5).

Второто полуфинале ќе го сочинуваат Карено-Буста, кој го доби маратонот од пет сета со Шаповалов и најдобриот германски тенисер Александар Зверев. Полуфиналните средби се закажани за утре, додека големото финале ќе се одигра в недела.

Треба да знаете
Последни објави