Тројца припадници на Воздухопловната гарда на САД загинаа при пад на мал авион

Две жени и еден маж загинаа при пад на мал авион што се урна во американската држава Тенеси.

Како што пренесуваат американските медиуми, сите загинати биле припадници на Воздухопловната национална гарда на САД и се наоѓале во едномоторен авион „Пајпер ПА-28″.

Трагедијата се случила во близина на аеродромот во Мекминвил, град југоисточно од Нешвил, а авионот се урнал кратко по полетувањето, додека пилотот се обидувал да го врати на аеродромот. 

Треба да знаете
Последни објави